Бројот на загинати во поплавите во Тексас надмина 100 лица
Бројот на загинати од разорните поплави во американската сојузна држава Тексас на 4 јули достигна 104 лица, додека спасувачките тимови продолжуваат со потрага по исчезнатите во надојдените реки и расчистување на паднатите дрвја.
Властите најавија дека ќе почекаат со одговорите на прашањата околу метеоролошките предупредувања и зошто некои летни кампови не биле евакуирани навреме, иако било предвидено големо количество дожд.
Во христијанскиот камп за девојчиња „Кемп Мистик“, смртно настрадаа 27 девојчиња и нивни воспитувачи. Според властите од округот Кер, каде што се наоѓа кампот, досега се пронајдени телата на 84 лица, меѓу кои 28 деца.
Десет девојчиња и еден воспитувач сè уште се водат како исчезнати.
Официјалните лица предупредуваат дека поради претстојните врнежи сè уште постои ризик од нови поплави, особено во централниот дел на Тексас. Тие изјавија дека бројот на жртви речиси сигурно ќе расте.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Поради пожари затворен граничниот премин Блаце
-
Црн облак го покри Скопје - се запали отпад за старо железо: се евакуираше дел од населението
-
Извештајот за Македонија изгласан во Европскиот парламент без македонски јазик и идентитет
-
Реакција за Извештајот
-
Европратеничката Јовева со јасна порака до соседите
-
„Стануваме енергетска крстосница во регионот“ - почна изградбата на гасниот интерконектор со Грција
-
Голем интерес за брзата пруга