Бројот на жртви во земјотресите во Венецуела достигна скоро 2.000

Бројот на жртви од двата земјотреси што ја погодија Венецуела минатата недела се зголеми на 1.943, изјави денеска претседателот на Националното собрание Хорхе Родригез, додавајќи дека бројот на повредени речиси двојно се зголемил на 10.571.
НАСА проценува дека околу 58.870 згради се оштетени или уништени во погодената област, врз основа на сателитски снимки.
Во најтешко погодените области - главниот град Каракас и покраината Ла Гваира - речиси 200 згради се целосно уништени. Десетици илјади луѓе се водат како исчезнати, а со секој изминат час шансите спасувачите да пронајдат преживеани во урнатините се намалуваат. Сепак, успешните спасувачки операции пет дена по земјотресот даваат надеж.
-Јас сум млад човек кој помина пет дена заробен под урнатините на зграда, но денес сум тука и жив, благодарение на Бога. Тој е единствениот што ме извлече и ги испрати своите ангели. Тоа се луѓето кои неуморно работеа за да ме спасат, рече Арон Леви Кантиљо.
-Продолжуваме со нашите напори за спасување на преживеаните, што нè исполнува со емоции и надеж за нивните семејства и за нашата нација, која е сведок на неуморната работа на венецуелските спасувачки екипи и меѓународните бригади, вели Делси Родригез, вршител на должноста претседател на Венецуела.
МИА
Ново на Сител
-

30 дена притвор за осомничениот за убиството на жената од село Таор
-

Материјални докази на судењето за деветтемина полицајци за Пулс
-

Нови цени на горивата од полноќ
-

По викенд нападите, САД и Иран утре на преговори
-

Тема на денот со Златко Кузманов, воено-политички аналитичар
-

Одложени операции на хируршките клиники поради дефект во климатизацијата
-

Прилепскиот општински штаб за заштита и спасување активно се подготвува за сезоната на пожари
-

Мицкоски: Ќе почекаме до седницата на извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ
