Бројот загинати во земјотресите во Венецуела се искачи на 3.342

Бројот загинати во двата силни земјотреси што пред околу една и пол седмица ја потресоа Венецуела се искачи на 3.342, покажуваат официјалните податоци објавени денеска.
Претседателот на Националното собрание на Венезуела, Хорхе Родригес, соопшти дека околу 16.740 лица се повредени, а повеќе од 17 илјади останале без своите домови.
Земјотресите со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени ја погодија Венецуела на 24 јуни, по што следуваа серија послаби последователни потреси. Меѓу најтешко погодените области е крајбрежната држава Ла Гуаира.
Спасувачките екипи од Венецуела, со поддршка од тимови од повеќе земји, и натаму трагаат по преживеани под урнатините на срушените објекти.
Според властите, уништени се 190 згради, а најмалку 856 претрпеле тешки оштетувања, меѓу кои и неколку болници. Дел од мостовите и патиштата и натаму се целосно непроодни, што дополнително ги отежнува хуманитарните и спасувачките операции.
МИА
Ново на Сител
-

Стопанска комора бара да се скратат празнични неработни денови, за да се зголеми продуктивноста на работниците
-

Технологијата ги дава одговорите, но наставникот ги поставува вистинските прашања
-

Ново археолошко богатство кај Корошишта
-

Премиерот Мицкоски во Теарце
-

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со селективна борба против корупција
-

Јаневска: Да го вратиме достоинството на наставникот
-

Преглед на вестите од светот
-

Teма на денот со Стојанче Ангелов
