Брзото возење - главна причина за сообраќајки на југоистокот од земјава
Бројот на сообраќајните несреќи на југоистокот од државата бележи намалување во однос на претходните години, но причините остануваат исти. Минатата 2017 година во периодот од јануари до ноември се случиле 622 сообраќајни несреќи или за 98 помалку во однос на истиот период од претходната година. И лани брзото возење било една од главните причини за сообраќајките на патиштата во југоисточниот регион во кој за 11 месеци 15 лица го загубија животот. Веднаш потоа следуваат управувањето возило под дејство на алкохол, неотстапување првенство на минување и непрописното престигнување.
- Најчести причини за случување на сообраќајните незгоди се брзото возење или во 2016 година имаме регистрирано 178 наспроти 2017 година кога биле 165. Следува непрописното престигнување или 21 во 2016 наспроти 12 во 2017 година. Неотстапување првенство на минуваљњ имаме 74 во 2016 наспроти 69 во 2017 и управување на моторно возило под дејство на алкохол во 2016 имаме 99 наспроти 72 во 2017 година, вели Хризантема Рендевска – портпарол на СВР Струмица
Во вкупниот број сообраќајни несреќи кои се случиле мината година телесно биле повредени 347 лица, додека 290 од вкупно 622- те несреќи завршиле само со материјална штета.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
