-->
-->
Буџетот на Србија во дефицит од 665 милиони евра
-->
Во првите четири месеци од оваа година, Србија има дефицит во националниот буџет во износ од 78 милијарди динари (665 милиони евра), соопшти српското Министерство за финансии. Според Министерството, тоа е подобра сума од буџетскиот план за дефицит од 107,9 (912 милиони евра) милијарди динари, а дефицитот е планиран во износ од 185,9 милијарди динари (1,6 милијарди евра).
Приходите се остварени во износ од 683,7 милијарди динари, а расходите се направени во износ од 761,7 милијарди динари.
Во април е остварен дефицит од 50,2 милијарди динари.
На ниво на државен сектор, во првите четири месеци е остварени фискален дефицит во износ од 62,6 милијарди динари и примарен фискален дефицит во износ од 5,2 милијарди динари, соопшти министерството.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Од 200 повредени во пожарот во Кочани 12 се уште се на болничко лекување, 1 и понатаму е во тешка состојба
-
Салиу: Не сум виновен за трагедијата
-
ВМРО-ДПМНЕ бара истрага за Филипче
-
Георгиев: Нема и не може да има дополнителни услови и барања за пристапувањето на Македонија
-
Муцунски со Баро - Повеќе соработка
-
Гаши: Пратениците имаат право на интерпелација против секој носител на јавна функција
-
Вреди ќе има унифициран став за една изборна единица
-
Славески: Стабилен денар и ниска инфлација