Бурни реакции на обвинувањата од Димитров - што се подготвува во преговорите со Бугарија?
Мистерија останува што бил каменот на сопнување меѓу вицепремиерот и владата во преговорите со Бугарија. Според поранешниот амбасадор на земјава во Софија, изјавите на Димитров дека имал сериозни несогласувања за начинот на кој се водат преговорите, биле обид да се избегне одговорност за потпишаниот договор за добрососедство. Според Ѓочев, токму Димитров го водел тимот кој прифатил дека двете држави имаат заедничка историја.
„Овие изјави се начин на избегнување на одговорноста пред сопствената совест и бегање од одговорност за неговото учество во содавањето на една нерамнопрвна положба на РМ кон БГ со термините заедничка историја и несиметријата на македонското малцинство“, вели Маријан Ѓорчев, поранешен Амбасадор.
Изјавите на Димитров, нема да влијаат врз текот на преговорите меѓу двете држави и најавената посета на бугарскиот премиер, смета Ѓорчев. Сепак, вели дека не треба да постојат временски рамки за решавање на несогласувањата.. Апелира за поголема транспарентност на македонските политичари.
5.52„Се е некаква мистерија. Ние дознаваме од бугарски медиуми што се тие пакети 5+1, 5+1+1, дури ни во собранието не е отворена дебата за тоа. Тој начин е погрешен на водење на преговорите“, вели Ѓорчев.
За премиерот Заев, причина за изјавите на Димитров е губењето на министерската фотеља. Ако е против позициите кои сме ги граделе заедно, чесно е да објасни зошто, се вели во реакцијата.
Идниот премиер Ковачевски, пак уверува дека нема повлекување од црвените линии и вели дека Владата во целост ќе ги заштити националните интереси.
Османи, кој беше директно посочен, ги негираше тврдењата на Димитров, објаснувајќи дека како како Министер за надворешни, имал идентични позиции со владата во однос на проблемот со Бугарија.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
