Македонија
10. December 2024 - 12:25

Центрите втор дом за лицата со попречености

Дневните центри за лица со попреченост треба да бидат под државна капа.

Дневните центри за лица со пореченост значат живот за штитениците и за нивните семејства. Нивното функционирање не сакаат да зависи од одредени проекти бидејќи сметаат дека тоа не е одржливо на долг рок а е од особена важност бидејќи за 15тина лица кои се е втор дом. Тука тие  имаат секојдневни активности, учат животни вештини како би биле што е можно посамостојни во својот дом.

Во Охрид многу е променета јавната свест кај граѓаните во поглед на грижата за овие лица.

Дневниот центар „Зраци„ во Охрид започна да функционира во стан, а последните 15 години е сместен во простории во ОУ „Братство и единство“. Центарот го посетуваат 15-тина штитеници во период од 8 до 16 часот.