Македонија
28. September 2025 - 12:05

Честитка од претседателот на Собранието, Гаши по повод 28 Септември - Меѓународниот ден на Бошњаците

Претседател на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, во име на Собранието и во свое лично име, упатува најискрени честитки по повод 28 Септември – Меѓународниот ден на Бошњаците.

-Овој датум претставува одлична можност повторно да се истакне значењето на почитувањето на етничката различност и нашата заедничка заложба за еднакво, инклузивно и демократско општество, во кое сите заедници уживаат полни права и слободно придонесуваат во институционалниот, општествениот и културниот живот на државата, се вели во честитката од Гаши.

Бошњачката заедница претставува важен и незаменлив дел од мултиетничкиот и мултикултурниот мозаик на нашата држава.

-Затоа, на овој значаен ден, изразуваме искрена благодарност за нивниот вреден придонес во изградбата и зајакнувањето на нашата заедничка држава, стои во честитката од Гаши, по повод Меѓународниот ден на Бошњаците.