Честитка од Стоилковиќ по повод Денот на државноста на Србија

Вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ упати честитки до граѓаните на Република Србија по повод Денот на државноста на Србија, со желби за натамошен континуиран стопански и општествен развој, стабилност и просперитет на државата.
Во честитката, Стоилковиќ истакнува дека односите меѓу двете земји се темелат на традиција на искрено пријателство, културна и духовна блискост кои низ годините се продлабочуваат и отвораат простор за уште поголема, заемно корисна соработка во сите сфери од заеднички интерес.
– Ние Србите во Македонија со посебна почит го чествуваме овој значаен празник, уверени дека и во наредниот период ќе продолжиме со дополнително јакнење на односите и братската соработка меѓу двете земји. Останувам посветен на активно учество во политиките што придонесуваат за понатамошен развој и унапредување на македонско-српските односи, во духот на меѓусебно разбирање, почит и партнерство, истакна Стоилковиќ.
Во време на предизвици и нови глобални околности, додава, само преку заемна поддршка, стабилност и искрено пријателство може да се гради сигурна и просперитетна иднина за граѓаните и генерациите што доаѓаат. – Нека е честит Денот на државноста, се вели во честитката.
МИА
Ново на Сител
-

За околу 2 месеци се очекува да заврши измената и дополнувањето на текстуалниот дел од ГУП за Прилеп
-

Штип центар на европска студентска мобилност
-

Во охридските средни училишта ќе се воведуваат нови стручни профили
-

Тема на денот со Љупчо Димовски, вицепремиер за политички систем и лидер на СПМ
-

Рубио: САД секогаш ќе бидат дете на Европа, Мицкоски во Минхен оствари повеќе средби
-

Одбележување Св. Трифун и закројување на лозјата во винаријата „Монтеко“ во Кратово
-

Партиски обвинувања: Чија Влада доделувала поголеми субвенции?
-

Фотографии и обвинувања по најголемата заплена на марихуана
