Четири лица загинаа при руски напади со разорни касетни бомби во Доњецк

Четири цивилни лица загинаа, а уште петмина се ранети во Доњецката област во Источна Украина, како резултат на руски напади со касетни бомби и дронови, јави агенцијата ДПА, повикувајќи се на соопштение на обласното обвинителство објавено на Телеграм.
Три лица загинале при пад на касетни бомби во градот Друшкивка, кој се наоѓа во близина на линијата на фронтот. Само еден час подоцна, дрон погодил патнички автомобил, при што животот го загубил еден од патниците. Друшкивка е лоцирана јужно од Краматорск и е оддалечена само околу 20 километри од руските позиции.
Руските воени авиони ги лансираат овие бомби од внатрешноста на руската територија, по што тие самостојно се насочуваат кон целта, едрејќи на растојанија од десетици километри.
Украина досега имаше ограничени можности за одбрана од овој тип оружје. Сепак, според медиумските извештаи, украинскиот министер за одбрана Михаило Федоров објави дека земјата развила сопствена едриличарска бомба, способна да носи 250 килограми експлозив, која набрзо ќе биде воведена во воениот арсенал.
МИА
Ново на Сител
-

Зеленски го условува прекинот на нападите врз руски рафинерии со испорака на американски ракети
-

ДИК за изборите за градоначалник во Брвеница: Јахиј освои 4442, а Радичевски 4177 гласови
-

Седници на собраниските комисии за финансирање и за одбрана
-

Облачно со повремен дожд
-

Аркин Јахији е новиот градоначалник на Брвеница
-

ДИК: Одѕивот на изборите за градоначалник во Брвеница до 18:30 часот е 52,90 отсто
-

МВР: Расчистено вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена кривична пријава
-

Излезноста во Брвеница до 13 часот 27,81%, повисока за 7,31 процентни поени од првиот круг
