Македонија
14. September 2025 - 12:45

Четири лица здравствено згрижени на Токсикологија по пожарот во Трубарево

Две лица се хоспитализирани и две се амбулантски згрижени на Клиниката за токсикологија како последица од пожарот во складиштето за рециклирање електронски отпад во Трубарево.

Портпаролката на Владата Марија Митева на прес-конференција рече дека четири лица се здравствено згрижени, но дека нема повеќе информации за нивната состојба. 

За тоа поопширно, рече, ќе соопшти министерот за здравство Азир Алиу на прес-конференција во 13.00 часот, заедно со директорот на Токсикологија, д-р Арѓенд Имери.

 

МИА