Македонија
20. March 2026 - 13:27

Четири мотоцикли изгореле во пожар во Прилеп

На 19.03.2026 во 21:00 часот во Полициската станица Прилеп е пријавено дека на паркинг простор пред магацин на правно лице на ул.„Стеван Апостолоски“ во Прилеп настанал пожар во кој изгореле четири мотоцикли, сопственост на правното лице, соопшти МВР.

Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема. Увид е извршен од екипа на ОВР Прилеп.