Црногорскиот претседател Милатовиќ во официјална посета на земјава

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ утре ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката, Гордана Сиљановска-Давкова, таа ќе го пречека црногорскиот претседател со највисоки државни и воени почести на церемонија во Вила Водно.
Потоа ќе следи тет-а-тет средба на претседателите, како и пленарен состанок на македонската и црногорската делегација.
Во рамки на официјалната посета ќе биде потпишан Меморандум за соработка помеѓу Младинските совети при Кабинетите на двајцата претседатели.
Во рамки на посетата на земјава претседателот на Црна Гора утре ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.
На 1 април претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот Јаков Милатовиќ ќе одржат заедничко предавање на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
МИА
Ново на Сител
-

УМС на ВМРО-ДПМНЕ домаќин на настан на студентската организација на Европската народна партија
-

Домот за стари лица во Кочани станува реалност
-

Охрид со богата културна програма привлекува посетители
-

Преглед на вестите од светот
-

Пратенички прашања – Цена на станови, мерки, јавен обвинител...
-

Тема на денот со Јованка Тренчевска, потпретседател на СДСМ
-

Економски мерки, работата на новиот државен јавен обвинител и корупцијата во фокус на пратеничките прашања
-

Средношколците и ги претставија проблемите со кои се соочуваат на претседателката на државата
