ЦУК: Активни два пожари на отворен простор, осум изгаснати во текот на денот

Од вкупно 11 пожари на отворен простор регистрирани во текот на денот, активни остануваат два, еден е ставен под контрола, а осум се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Според податоците заклучно со 18 часот, активни се пожарите кај селото Рапеш во Општина Новаци, каде е зафатена ниска вегетација, како и кај селото Говрлево во Општина Сопиште, каде гори ниска вегетација и нискостеблеста шума.
Под контрола е пожарот на потегот од селото Белица во Општина Македонски Брод кон месноста Јасен во Општина Сопиште, каде беа зафатени нискостеблеста и мешана шума.
Во текот на денот изгаснати се осум пожари на отворен простор, и тоа кај селото Раовиќ во Општина Сарај, на улиците „Алпи“ и „Боро Менков“ во Општина Бутел, кај селото Мралино во Општина Илинден, меѓу селата Еднокуќево и Моноспитово во Општина Босилово, на улицата „Вера Циривири“ во Велес, како и кај селата Враништа и Мислешево во Струшко.
МИА
Ново на Сител
-

УГД - Штип, нулта толеранција за корупција
-

350 илјади евра можеле да ги заштедат родителите на Ристов?
-

Се шират малите сипаници - морбили потврдени кај уште едно дете
-

Средношколците во пратеничките клупи - дебата за дигиталниот свет
-

Полициска акција на УГД
-

Продолжува судењето против судијата Ристов
-

Растат платите во Армијата за 10%
-

СДСМ со интерпелација за Стоиљковиќ
