ЦУК: До 18:00 часот 14 пожари на отворен простор, од кои 8 се активни

До 18:00 часот на територијата на државава регистрирани се вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои 8 се активни, 1 е под контрола, а 5 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Како што посочуваат од ЦУК, активни се пожарите во село Чаниште, крак кон село Крушевица, кон село Лопатица, кон село Дуње и крак кон Црна Река во Општина Прилеп каде гори ниска вегетација; во село Моране – село Вртекица – село Рамни Габер во Општина Студеничани (мешана шума); кај месноста Видуш, кај село Драгов Дол и кај село Локвица во Општина Македонски Брод (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки); во село Тајмиште, месност Дарда во Општина Кичево (високостеблеста букова шума); село Никуштак, Општина Липково (ниска вегетација и шума); село Белушино – реактивиран пожар, со крак кон село Јакреново, каде што пожарот е под контрола во Општина Крушево (ниска вегетација и дабова шума); село Лопате, Општина Куманово (ниска вегетација); и село Ломница во Општина Врапчиште каде гори мешана шума.
Под контрола е пожарот во депонијата во Делчево, а изгаснати се пожарите во село Форино Општина Гостивар, село Церово Општина Желино, село Мусинци Општина Могила, село Марена Општина Кавадарци и село Златари Општина Ресен.
МИА
Ново на Сител
-

Груби обвинет за дело со пет години затвор, истрагата го сомничеше за проневера со казна до 20 години
-

Николоски: Протестите не се решение, со билатерални договори го решаваме проблемот на превозниците
-

„Везилка“ и студентите на ФИНКИ веќе развиваат алатки базирани на вештачка интелигенција
-

Ставен во употреба новиот АТМ систем на меѓународниот аеродром Скопје
-

Пецаков: Ова лето застапеност на туристи кои ретко доаѓале во Охрид
-

Teма на денот со Оливер Спасовски
-

25 години од Охридскиот рамковен договор
-

Артан Груби заработи обвинение, се бара и продолжување на домашниот притвор
