ЦУК: Под контрола пожарот во Дрисла, 13 пожари на отворено целосно изгаснати
Заклучно со 8 часот денеска на територијата на државава има вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои активни нема, под контрола е еден, а 13 се изгаснати. Како што инфрормира Центарот за управување со кризи (ЦУК) ,под контрола е пожарот во депонијата Дрисла во Општина Студеничани каде гори ѓубре.
Изгаснати се пожарите во Општина Струга кај селата Татеши, Богојца и Маслодежда (борова шума), како и во населбата Елен Камен (ниска вегетација), во Општина Липково село Никуштак и Општина Гази Баба село Булачани (нискостеблеста деградирана шума и дабова шума), Општина Старо Нагоричане село Челопек (плевна и ниска вегетација), Општина Крушево село Норово (ниска вегетација и дел дабова шума), Општина Крушево Градска депонија (ѓубриште), Општина Делчево Депонија Делчево (ѓубриште тлее и чади), Општина Босилово село Иловица (депонија), Општина Ново Село село Мокриево (ниска вегетација), Општина Ново Село село Старо Коњско (депонија), Општина Зелениково село Страхојадица (ниска вегетација и ѓубре), Општина Штип во близина на Градски пазар (ниска вегетација) и во Општина Шуто Оризари на улицата „Хаџи Јован Шишко“ (ѓубре).
МИА
Ново на Сител
-
Проф. Трајковски: Аерозагадувањето не смее да се прифаќа како нормално
-
Азир Алиу го промовираше Здравствениот совет - Најави и ангажман на лекари од приватно во јавни установи
-
Мерки против поскапувањето нема да има, ќе се води внимателна макроекономска политика
-
Фридман: Македонскиот јазик е жив и здрав
-
Заштита за „Македониум“
-
Преглед на вестите од светот
-
Пратениците во контрола на АНБ
-
СДСМ: Дали премиерот ќе го разреши Фетаи?