Дали градинките не треба да примаат родители на завршните приредби поради голема кашлица?
Градинки во Скопје не дозволуваат присуство на родители на завршните приредби поради актуелната епидемија со голема кашлица. Во информацијата се повикуваат на насоки од Центарот за јавно здравје и ДСЗИ, но ваква препорака нема од Комисијата за заразни болести. Од таму велат дека за такво нешто како мерка воопшто не разговарале на состаноците изминатиот период.
- Нема таква конкретна мерка предложено од Комисијата, изјави д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисија за заразни болести.
Инаку последниот неделен извештај на ИЈЗ покажува намалување на бројот на новозаболени од голема кашлица. За една седмица има 22 потврдени случаи.
- Гледаме пад на новорегистрираните случаи во Скопје. Можеме да кажеме да 45.000 дози аплицирани против пертусиснекако како да ја стабилизираа состојбата со епидемијата, вели д-р Мехмедовиќ.
Освен во Скопје епидемија на пертусис има и во Куманово. Досега се регистрирани над 500-тини заболени и во груги 17 градови. А во моментот на болничко лекување се 4 деца поради компликации предизвикани од бактериската инфекција.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар