Дали и колку хакерски напади се извршени врз државни институции минатата година?
Седум државни институции биле цел на хакерски напади во изминатите 12 месеци, информира МВР. Одделот за спречување компјутерски криминал детектирал дека со нападот, немало извлекување на податоци од интернет страниците, туку само привремено била блокирана нивната работа. Од МВР велат дека лажна вест е информацијата за напад на страницата на Министерството за образование, а службите континуирано работат и ги одбиваат кибер нападите.
Од министерството за одбрана велат висок приоритет има заштитата од сајбер напади. Хакери се обиделе да провалат во интернет страницата, но намерите секогаш завршувале безуспешно.
Според националниот центар за одговор на компјутерски инциденти кој работи во склоп на Агенцијата за електронски комуникации, најчесто мета на хакерите се токму институциите.
„Нападите за обезличување на веб-сајтови ги извршуваат т.н хактивисти и цел се сајтовите на доменот гов.мк. DDoS нападите кои имаат за цел да ги направат недостапни сајтовите, вообичаено се кон владини тела и банкарски организации“, велат од центарот.
Од центарот велатдека тешко се открива кој стои зад нападите бидејќи како што појаснуваат, напаѓачите користеле маскирани адреси.
Според регистарот на центарот за одговор на компјутерски инциденти, лани биле детектирани близу 1.900 обиди за напад на македонски интернет страници.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
