Македонија
23. August 2020 - 21:17

Дали изборот на ноовата Влада ќе биде пред заминувањето на Ахмети за Хаг?

Флорин Бесими од ДУИ, кој веќе најави свое повлекување од парламентот поради судир на интереси со неговиот брат Фатмир Бесими кој пак, е најавен како нов министер за финасии, веројатно нема да биде единствениот пратеник што ќе си поднесе оставка од Собранието пред изборот на новата Влада.

Вакво наговестување стига токму од мандатарот и лидер на СДСМ Зоран Заев. Верификацијата на мандатот на наследникот на Бесими од листите на ДУИ, но и на други нови пратеници, како што вели Заев за „Сител“ ќе биде направена наредната недела. Пргонозите на мандаторот се дека ваквите измени во парламентарниот состав нема да го одложи и гласањето за новата Влада што тој треба да ја предводи.

„Верувам дека владата ќе се избере согласно плановите. Следната седмица се постапките за верификација на мандатите на новите пратеници и исто така очекувам следната седница да биде ставена на дневен ред на парламентот точката за избор на нова влада. Секако тоа зависи од парламентот, но на време ќе биде изборот на новата влада“, уверува Заев.

Но тој засега не открива на кого точно мисли кога вели дека ќе се прави верификација на мандатите на нови пратеници. Се шпекулира дека на ваков потег би можеле да се решат пратениците кои се најавени како министри во новиот владин кабинет на Заев.

Според собранискиот Деловник, оставката на пратеник се констатира пред почетокот на првата наредна седница. Потоа за тоа се известува ДИК, кој пак, дава извештај за наредниот кандидат од листата. Верификацијата на ноовите мандати пак, треба да се случи на нова наредна седница.

Ова би значело дека оставките ќе се констатираат на една седница, а верификацијата на мандатотот на новите пратеници и изборот на Владата на друга седница, независно што овие две седници би можеле да се одржат и истиот ден.

Се шпекулира дека првата седница на која би требало да се констатира оставката на пратениците би била седница на која би се избирале генерален секретар на Собранието или пак, некој од потпретседателите.

Пратеникот на ДУИ својата оставка се уште ја нема официјализирано во парламентот, туку само најавено преку Фејсбук. Потегот следуваше откако антикорупционерите видоа судир на интереси во можноста тој да гласа за изборот на неговиот брат Фатмир Бесими за министер за финансии. Според листите на ДУИ, следен на листата за пратнеик е Фазли Бедри.

Експертите велат дека проблемот треба да се реши системски.

Но, тајминизите за изборот на Владата нема да зависат само од оставките на пратениците, туку и колку од народните избраници кои го формираа владејачкото мнозинство ќе можат да присуствуваат на седница во роковите кои се предвидени за избор на владин кабиент.

Тенкото мнозинство од 62 пратеници ќе го натера собранискиот спикер Талат Џафери да калкулира со седницата не само зависно од тоа кога Заев ќе го поднесе предлогот за Влада, туку и зависно од тоа кога неговиот партиски лидер Али Ахмети ќе може да присуствува на седницата. Ахмети на 2 септември ќе дава исказ пред меѓународниот кривичен суд. 

Дел од калкулациите пак, се однесуваат и на внатрешните превирања во ДУИ околу Изет меџити, Артан Груби и Бујар Османи – тројцата кои претендираат да станат минситри иако место има само за двајца.

Неофицијално предлогот на Заев за Влада во парламентот треба да стигне до среда, иако рокот му е до 2 септември. Џафериод тој момент пак,  ќе има рок од 15 дена да ја свика оваа седница, претходно надминувајќи ги сите препреки.