Македонија
7. August 2025 - 12:14

Дали јадењето во ресторани станува луксуз

Зголемените цени во угостителството повторно го актуелизираат прашањето дали јадењето надвор во ресторани станува луксуз. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека по групи најголемо зголемување има кај алкохолните пијалаци и тоа 8,4 отсто и кај храната кое е 8,1 проценти.

За една година безалкохолните пијалаци во угостителството поскапеле за 6,1 отсто.

Добрите познавачи од областа на туризмот велат дека квалитетот на услугите не соодејствува со цените превисоки се од една страна а од друга страна немаме понуда за привлекување гости со поголема финансиска моќ.

Туристичките работници треба да нудат помали цени вон сезона како останатите туристички центри.

Гледано на подолг временски период, од јануари до јули оваа година, цените на угостителските услуги се зголемиле за 5,3 отсто во однос на истиот период лани.