Македонија
11. August 2021 - 16:56
Дали на австриските пожарникари им била украдена моторната пила?
Пожарите во Малешевско – Пијанечкиот крај стивнуваат, но на површина излегоа некои бизарни пикантерии. На социјалните мрежи се шири вест дека некој украл моторна пила од австриски пожарникар. Од СВР Штип информираат дека до сега кај нив нема пријавено кражба на моторна пила. И директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов се сомнева во точноста на пласираната вест.
Малешевци беа воодушевени од опремата и гласно коментираа дека доживеале вистински шок кога виделе со што располагаат пожарникарите од Австрија и на кој начин се справуваат со огнената стихија, но дека некој се дрзнал да краде од луѓето кои им ги спасија домовите и имотите е вистинска дрскост.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->