Дали новата варијанта на грип што се шири во Европа ќе ги загрози и граѓаните во Македонија?
Новата варијанта на грип која прави проблеми на здравствени системи низ Европа, нема да ја заобиколи и Македонија. Епидемиолозите прогнозираат дека по новогодишните и божиќни празници ќе дојде до зголемување на бројот на заболени и хоспитализирани, кој засега според пријавените бројки е под сезонската активност.
Поради новиот доминантен сој АХ3Н2 подтип К, во Англија се подготвуваат за една од најтешките зими поради притисокот врз болниците и итните служби, во Шпанија стапките на инфекција веќе го наминале зимскиот врв од минатата година а драстично зголемување на заразени има и во Хрватска и Србија.
Дали клиничката слика е потешка или не?
-Кривите што ги следиме на системот покажуваат дека расте бројот на хоспитализирани случаи, што значи дека штом расте бројот на хоспитализации значи дека и симптомите се потешки. Очекуваме дека ќе има потешка клиничка слика, но се надевам дека кај нас бројките нема да бидат големи. Проблемот што се јави оваа година е што оваа нова подваријанта претрпе многу мутации истовремено. Значи некаде во јуни кога беше откриена, беа детектирани 7 мутации што е премногу, вели д-р Сашко Олумчев, епидемиолог.
Епидемиологот Олумчев вели дека грипот оваа година почна порано и се шири, а се наоѓаме во период на предновогодишни забави и празничен период кога групирањата се неизбежни. Исто така и патувањата надвор од земјата и посетите на ски центри е ризик за зараза.
-По враќањето, и инкубацијата е кратка и очекувам кај 15-20 да имаме малку поголем интензитет и нагол дкок на бројките. Бидејќи во Европа ако има нагло ширење на грипот не може нас да не заобиколи колку и да имаме имунитет, вели д-р Олумчев.
Според податоците од Институтот за јавно здравје, оваа сезона има околу 1000 случаи со грип и заболувања слични на вирусот, од кои најмногу се во Гостивар и Куманово.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
