Дали владините мерки се доволни за спас од кризата?
Граѓаните и стопанството ќе останат во криза без целосно прифаќање на пакетот економски мерки понудени од ВМРО-ДПМНЕ.. Опозициската партија, ја повика владата да ги усвои и останатите мерки за помош на бизнисот кои ќе овозможат поефтина струја за фирмите и зачувување на работните места.. Со дополнителен пакет од седум мерки, ВМРО-ДПМНЕ бара државата да ги помогне и граѓаните.. Викенд без ДДВ, месечна поддршка од 3 илјади денари за средношколци, помош за пензионери кои земаат над 14 илајди денари, враќање на субвенционираниот студентски оброк се дел од предлозите на опозициската партија.
„Пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ и Коалиција за Обнова на Македонија ќе поднесе законско решение со кое секој викенд во период на прогласена кризна состојба ќе биде Викенд без ДДВ за основните прехранбени производи. Очекуваме Владата да го прифати ова решение и да се откаже од неколку милиони евра во интерес на граѓаните. Предлагаме и целосен опфат на пензионерите и вистинска финансиска помош за нив и тоа: по 3000 денари месечно за приматели на пензија до 14.000 денари, по 2000 денари за приматели на пензија до 30.000 денари и за примателите на пензија повисока од 30.000 денари месечна финансиска поддршка од 1000 денари. Доколку пратениците од мнозинството го прифатат нашиот предлог за финансиска поддршка тогаш ќе може да кажат дека ги опфатиле сите категории на граѓани на кои им е потребна поддршка“
Од владата пак велат дека ги преземаат сите мерки за заштита на граѓаните и фирмите за ублаќување на економската и енергетска криза.. Според Ковачевски, се помагаат најранливите категории граѓани, а помош добиваат и компаниите кои произведуваат храна.
Мерките кои вчера ги усвои владата предвидуваат пониски цени за струјата за компаниите од прехранбениот сектор, основните и средните училишта, како и јавните претпријатија за водни услуги.
Беса пак се спротистави на забраната општините да не можат да основаат јавни претпријатија за осветлување.. Одлуката ја сметаат за политичка и ги ограничува општините предоводени од опозицијата ефикасно да управуваат со јавното осветлување.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
