Даночно затајување од 7,4 милиони денари, кривична за двајца управители

Даночно затајување во износ од 7.426.323 денари утврди Управата за финансиска полиција, која до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против две лица управители на правно лице и едно правно лице.
Како што соопшти Управата, пријавените М. Ш. и Ж. Р., како управители на правното лице, се сомничат дека во повеќе наврати, свесно и со намера да стекнат противправна имотна корист, не пресметале, не пријавиле и не платиле данок на добивка во износ од 7.200.200 денари и данок на личен доход од 226.123 денари.
Според наводите, за 2020 година поднеле даночен биланс за утврдување на данокот на добивка во кој искажале лажни податоци, а за годините 2021 и 2022 воопшто не поднеле даночни биланси за утврдување на данокот на добивка, спротивно на сметководствената евиденција и искажаниот финансиски резултат во бруто билансите на друштвото, од банкарските сметки на правното лице подигнале парични средства по разни основи и извршиле плаќања кои не се поврзани со дејноста на правното лице без да постои доказ во сметководствената евиденција за нивната економска оправданост.
Со тоа имале намера да ги прикријат инкриминираните активности не поднеле завршни сметки за 2022, 2023 и 2024 година до Централниот Регистар на РСМ.
Со овие незаконски активности, како што се наведува, е оштетен Буџетот на Република Северна Македонија, а предметот е доставен до надлежното обвинителство за понатамошно постапување.
Ново на Сител
-

Партиски препукувања за сторени злоупотреби и криминални шеми
-

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството не го видело извештајот на ДЗР?
-

Ракот на кожа не бира возраст - превенција и рано откривање порачуваат дерматолозите
-

Петта јавна трибина за важноста на органодонорството одржана во Струмица
-

Младински земјоделски задруги - можност младите да се задржат во своите родни огништа во руралните средини
-

Младите не ја знаат доволно сопствената историја
-

Преглед на вестите од светот
-

Зошто Уставни измени се единствена тема на СДСМ
