Датумот за вонредниот самит на ЕУ е потврден - 22 јануари

Лидерите на земјите-членки на ЕУ ќе се соберат на вонреден самит в четврток за да разговараат за одговорот на Европа на заканите на САД за нови царини и преземање на Гренланд.
Самитот ќе се одржи во Брисел со почеток во 19:00 часот.
Портпаролот на Комисијата, Олоф Гил, изјави дека ЕУ се обидува да избегне ескалација, да избегне воведување тарифи, кои не се добри за никого.
„Дијалогот е подобар од ескалацијата. Одговорното и зрело раководство повикува на воздржаност“, рече Гил, истакнувајќи дека ЕУ има алатки на располагање за да одговори и е подготвена да ги користи доколку американскиот претседател го одржи своето ветување да воведе дополнителни тарифи за осум европски земји, од кои шест се членки на ЕУ.
ЕУ подготви пакет царински контрамерки против американските тарифи, кои би можеле да влијаат на вкупно 93 милијарди евра американска стока.
Тој пакет беше суспендиран откако беше постигнат трговски договор меѓу ЕУ и САД во јули.
Портпаролот Гил изјави дека суспензијата истекува на 6 февруари, што значи дека ЕУ ќе воведе царини за цела низа американски производи во вредност од 93 милијарди евра веќе следниот ден, 7 февруари, освен ако Комисијата, во консултација со земјите-членки, не одлучи да ја продолжи суспензијата.
МИА
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го допре дното
-

„Политико“: ЕУ ги менува правилата за проширување поради страв од блокада на Унијата
-

25 години Охридски рамковен договор
-

„Пулс“ незаконски бил пренаменет во дискотека, објектот бил предвиден за лесна индустрија
-

Прогласена епидемија на западнонилска треска во пет скопски општини - почина 83 годишен скопјанец
-

Преглед на вестите од светот
-

Во Македонија регистрирани 26 случаи на западно-нилска треска
-

Зголемен интерес за упис на УГД-Штип
