Македонија
7. December 2021 - 16:32

Дебата: Инспектори подложни на корупција и систем кој не реагира на пријави за кршење на законите

Инспекторатот за транспорт признава дека инспекторите се подложни на корупција. На јавната дебата организирана од антикорупциска, Хусеини изјави дека работата на инспекторите немала надзор, а ниту тој можел да провери како се прави инспекцијата на транспортните компании.

На недоволен надзор врз превозот на патници предупредуваат од Стопанската заедница за патен транспорт, „АМЕРИТ“. Минатата година укажале дека 168 возила без лиценци превезувале патници во и надвор од државата, а институциите се уште не можеле да ги пронајдат. По трагедијата во Бугарија, инспекциите дошле во нивните компании, но не и кај нелегалните превозници.

Од Министерството за транспорт и врски велат дека издавањето лиценци за превоз на патници не е дигитализирано. Вистинитоста на документите, ја проверувале овластени службеници. Недоволниот надзор на државните институции, според правниците, бил клучен за појавата на системска корупција.

И додека експертската јавност дебатираше за можностите од корупција во областа на транспортот, денеска Тетово го укина јавниот превоз на патници, бидејќи претпријатието, не било регистрирано.