Дебата за институционалните капацитети за спречување и борба против корупцијата

„Институционалните капацитети за спречување и борба против корупцијата во Република Северна Македонија: европски перспективи и национални практики“ е тема на денешната сесија на Националната конвенција за Европската Унија во земјава.
НКЕУ-МК е домаќин на 7. сесија на Работната група 6 – Антикорупција (Поглавје 5 – јавни набавки, Поглавје 18 – статистика и Поглавје 32 – финансиска контрола) како дел од Кластерот 1 – фундаментални вредности од Преговарачката рамка за пристапување во Европската Унија, во организација на Европското движење.
На дебатата посебен акцент ќе се стави на потребата од ефективна институционална координација, систематска размена на податоци и воспоставување применливи механизми за следење на резултатите од антикорупциските политики, како клучен предуслов за нивна реална и одржлива имплементација. Истовремено ќе се разгледуваат и европските приоритети поврзани со финансиските истраги и конфискацијата на имот.
Воведно обраќање во темата ќе има директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски, а онлајн ќе се вклучи Лука Фортелеони, член на бордот на Италијанскиот национален орган за борба против корупцијата.
На сесијата, исто така, ќе учествува и претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Адем Чучуљ и претставници на институциите, на граѓанските организации, како и на академската заедница, судии, обвинители и експерти.
МИА
Ново на Сител
-

Нови удари и елиминации во Иран
-

Изборот на Ненад Савески за нов државен јавен обвинител пред пратениците
-

СДСМ: Кандидатот за претседател на РКЕ, Ацо Ристов, е дел од бизнис мрежата на Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Синдикалниот протест на СДС и ССМ е неуспешен, граѓаните не им веруваат
-

Пациентите од „Пулс“, чекор по чекор до целосно закрепнување
-

Формирано Собрание на млади во Прилеп, наскоро ќе се формира и Совет на млади
-

Преглед на вестите од светот
-

Последната група од ОАЕ пристигна на скопскиот аеродром
