Македонија
3. November 2021 - 16:38

Деца учат на подот во селска џамија и во подрум - како се одвива учебната година во Јаболчиштe?

Основците од Долно Јаболчиште во Чашка, настава следат во селската џамија. Во тесната просторија речиси без дневна светлина се сместени од почетокот на школската година кога започнала реконструкцијата на училиштето. Дел од родителите на 100та ученици, незадоволни од условите, одлучиле повеќе да не ги пуштаат на настава во импровизираната училница.

Втората училница е сместена во гаража на десетина метри од џамијата. До објектот се наоѓаат и тоалетите.

Печката на дрва не е доволна да го загрее студениот бетонски под, а белата табла е единствено школско помагало за учениците.

Со слики и видеа снимени со телефон родителите ја покажаа состојбата во училиштето. Велат немало греење и вода, а тоалетите биле руинирани.

За тоа сведочат и учениците.

Директорот на уличиштето признава дека џамија и гаража не се простории за настава, но уверува дека за половина година ќе биде готово училиштето во Долно Јаболчиште.

За објектот во Горно Јаболчиште вели ги нудел сите услови за одвивање на наставата. Делумниот бојкот на наставата смета дека е политички мотивиран за како што вели, негова смена од функцијата.

Училиштето Лирија во Јаболчиште има околу 800 ученици. Поради бојкотот на родителите, моментално половина не посетуваат настава.