-->
-->
Деца во двор на градинка во Центар пронашле наркомански шприц, ја скршиле иглата и се играле со него
-->
Деца од градинката „13 Ноември“ во Центар пред две недели нашле наркомански шприц во дворот и си го додавале еден на друг пишува А1он. Подоцна се утврдило дека на него имало игла и дека дел од децата се гребеле или боцнале со неа а едно од децата дури го однело шприцот дома, сокриен во џеб.
Родителите се вознемирени, бидејќи можело да се забележи дека шприцот бил оставен од наркозависник, а не се знае кои од децата го допирале шприцот и се изгребале, за случајот велат дека од градинката им било сугерирано да молчат.
Од А1он се обиделе одговор да добијат од директорката на градинката, но не успеале да воспостават контакт.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Подметнат пожар во сервис за возила во Пинтија
-
Мицкоски: МВР засилено работи на откривање на подметнувачите на пожарите
-
Тошкоски: За една недела се палат сите отпади и депонии околу Скопје
-
СДСМ: На Мицкоски не може да му се верува
-
Безбедноста на посетителите приоритет за претстојната „Штипска пастрмалијада“
-
Не запира рибокрадството
-
Преглед на вестите од светот
-
300 пати над дозволеното присуство на јаглерод моноксид