Дедо Мраз малтретира срна во Струмица
Дедо Мраз, омилениот лик на децата ги згрози граѓаните со неговата постапка. На социјалните мрежи се појави видео снимка од дедо мраз во Струмица кој грубо се однесува со срна. Станува збор за граѓанин кој е облечен во костим на дедо мраз и кој најверојатно деновиве се фотографира со дел од намладите од Струмица.
Снимката е направена од граѓанин на Струмица кој истата ја поставил на фб страницата на друштвото за заштита на животните Фауна по што следуваше лавина од реакции од граѓаните со барање надлежните да преземат мерки за санкционирање на несовесниот граѓанин.
За настанот денеска реагираа и од здружението за заштита на животни Анима Мунди кои исто така бараат казна за лицето со костим на дедо мраз. Од таму велат дека се згрозени од мачењето и малтретирањето на на диво животно, негово изложување на грубост и страв за кое сведочат струмичани и видеото поставено на интернет.
Човек облечен како дедо мраз кој заработува од фотографирање со минувачите носи и грубо злоупотребува срна, животно кое во Македонија е заштитено со закон, велат од Анима мунди и бараат од институциите итно да се идентификува лицето и најстрого да се казни, а животното да се одземе и смести на безбедно додека не му се најде соодветно живеалиште.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
