Македонија
13. January 2025 - 16:44

Дефиле под маски

Вевчани пулсира во духот на карневалот. Зурли,тапани, ора и стотици најразлични маски продефилираа по вевчанските улици. Во фокусот на карневалот беа потрагата по  поранешниот вицепремиер Артан Груби, поранешните министри на ДУИ како се релаксиираат со фудбал, скандалот со државна лотарија, бугарски администратор, враќање на старото уставно име на Македонија во личните документи, екс директорот на УБК Мијалков прошета со ферари, и многу други.

Министерот за култура и туризам Љутков вели дека Вевчанскиот карневал е национален бренд со уникатен спој на културата, традицијата и туризмот.

Вевчанскиот карневал привлекува голем број туристи од земјава и светот  но и новинари и фотографи кои се воодушевуваат од изворната традиција специфична по својата архаичност, традиционалност, таинственост и уникатни маски.

Василичарите ги креираат и чуваат во потполна тајност маските се до централното дефиле.

Според традицијата Вевчанскиот карневал е стар околу 15 века. Карневалските случувања завршуваат утре доцна попладне со палење на маските и василичарското оро во центарот на Вевчани.