Македонија
10. November 2022 - 21:15

Дел од академската фела реагира дека новиот Закон за високо образование без консултации со нив

Министерството за образование во тајност подготвува нов закон за Високото образование.. Професорот на Правниот факултет при УКИМ, Тони Дескоски, открива дека случајно дознал за намерата на МОН.. Тој на фејсбук прашува како е можно Универзтитетот веќе да има предлози, а за нив не знае никој од професорите..

„Сосема случајно дознав дека некој во име на нашиот Универзитет поднел некаква иницијатива за измена на Законот од 2018-та. Единствено не разбрав кога Сенатот во кој членувам расправал за иницијативата? Не сум чул ниту за еден факултет од УКИМ дека се расправало за вакви смешни иницијативи“, пишува Дескоски..

Освен што не знаат дека се подготвува нов закон, дел од професорите тврдат дека не знаат ниту што предвидуваат измените..

„Има шпекулации дека можеби станува збор за трезорските сметки, продолжување на мандат на ректорите, тоа е во ред, но треба да одиме на јавна расправа и сите да дадеме свои предлози“, вели Горан Ајдински, Универзитетски професор.

И покрај ваквите реакции, Министерството предвидело новиот закон за Високо образование да се донесе до крајот на годината.. Министерот Шаќири кој пред неколку месеци побарал Универзитетите да достават свои предлози, за сител вели дека процесот се одвивал демократски.. Тој не открива што предвидува новиот закон..

„Ќе бидат земени во предвид предлозите кои ќе значат подобрување на високотот образование, обезбедување на квалитетот, отворање поголема академска слобода“, вели Јетон Шаќири, Министер за образование..

Ниту ректорот на УКИМ не открива што ќе содржи новиот закон.. Тој за Сител вели дека веќе дал предлози откако тоа го побарало министерството..

„Како член на Интеруниверзитетската конференција дадов предлози, а исто така беа дадени предлози и од другите нејзини членови. Учествував и во расправата по предлозите од другите членови на конференцијата“, вели Никола Јанкуловски, Ректор на УКИМ.

Пред само четири години беше донесен законот за високо образование за кој надлежните тврдеа дека ќе го подобри квалитетот на високообразовната дејност..