Македонија
16. May 2024 - 16:37

Демири не кажа дали договорците на Токсикологија се стручни туку му било жал што работеле без пари

Договорците на Токсикологија денеска се вратија на работа на Клиниката, откако според информации на Сител вчера потпишале нови договори. Од 18 лица 17 се етнички Албанци. Дел се административно –технички, но има и медицински кадар. Меѓу нив е и болничарот кој јавно призна дека прашал дали може да се врши замена на материјали за урина и намсето со наркотици, примерокот да испадне чист. Токму договорците беа една од главните причини пред два дена министерот за здравство да го разреши само медицинскиот директор Данил Петровски, а не и организациската Бесија Иљази кој вчера ги викнала овие 18 лица да ги потпишат договорите. 

Демири денеска не кажа дали се точни информациите кои доаѓаат од вработени на Клиниката дека дел од овие договорци не се стручни за работата.

Тој не кажа ниту збор дали ќе се извини на професорот Нико Беќаровски кој најави тужба против сите лица потпишани на изјавата објавена преку министерството за закани и наводни навреди на етничка основа кон договорците Албанци. Зад Беќаровски речиси сите вработени на клиниката кои вчера со цело име и презиме се потпишаа на демантот.