Македонија
24. October 2018 - 16:32

Депонија по сите европски стандарди отворена во Гевгелија

Гевгелија доби современа  депонија, прва во земјата која е комплетно  изградена по стандардите на ЕУ. 

Изградбата на депонијата, вредна еден милион американски долари е финансирана од јапонската влада, а проектот беше имплементиран  од  страна на УНДП. 

Пуштањето во употреба на новата депонија ќе значи и затварање на сите сите нелегални депонии лоцирани на бреговите на Вардар. Во иднина таа  ќе биде дел од поголем регионален систем на складирање на отпадот.

Депонијата е дел од поголем проект од 2,2 милиони американски долари, кој беше како поддршка за општините кои беа најмногу погодени во бегалската криза во 2015-2016 година.

Меѓу другите проекти финансирани од јапонската помош беше и реконструкцијата на пумпната станица во Гевгелија, со која двојно се зголеми капацитетот на снабдување на општината со вода за пиење, а се реконструираше и коритото на Липковска река во Куманово.  Сите проекти заедно придонесоа за подобрување на квалитетот на живот на околу 150.000 жители во овие општини.