Десет лица повредени во верижен судир на пет возила во Ѓорче

Вчера во 21:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано Л.Ј.(19) од с.Кондово, скопско, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Д.(38) од с.Ласкарци, скопско, патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.С.(25) од с.Крушопек, скопско, патничко возило „фолксваген артеон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.З.(37) од с.Крушопек, скопско и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Р.(28) од с.Глумово, скопско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Л.Ј., додека со телесни повреди се здобиле двајца негови сопатници, шест лица од другото возило „бмв“ и возачот на „мерцедесот“ Б.Р, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје и Градската општа болница „8 Септември“ Скопје.
За настанот е известен јавен обвинител, а увид е извршен од увидна екипа од СВР Скопје.
Ново на Сител
-

Илон Маск донатор во Стоби
-

Доградба на ОУ „Страшо Пинџур“, од следната учебна едносменска настава во цела О. Ѓорче Петров
-

Мицкоски: Нема проблем во снабдувањето со нафта
-

Мицкоски: Имам се посилни чувства
-

Тошкоски на средби во Вашингтон
-

Едносменската настава приоритет за МОН
-

Активностите за изградба на регионална депонија течат според планот
-

Струмица се подготвува за литија со иконата на Богородица Брзопослусничка
