Доградба на ОУ „Страшо Пинџур“, од следната учебна едносменска настава во цела О. Ѓорче Петров
Почна доградба на основното училиште Страшо Пинџур во Ѓорче Петров. Со новите шест училници, за околу 600 ученици од следната година конечно ќе се создадат услови за настава во една смена. Истовремено почнува проширување на уште два училишни објекти. Приоритет на Владата е воведување едносменска настава за сите основци во државата.
По објавувањето на статистичките податоци кои покажуваат пад на бројот на основци во Македонија за 4проценти, министерката оцени дека ваквата состојба е директна последица на лошите политики на претходната власт. Јаневска порача дека во фокусот на оваа Влада е подобрување на стандардот за младите, каде клучна улога ќе има новиот Закон за високо образование.
За отпорот кон ова законско решение премиерот оцени дека доаѓа од оние професори кои бараат повисоки плати а истовремено одбиваат да се посветат на научно истражувачката работа.
Откако предлог законот беше повторно објавен на ЕНЕР, пристигнаа дополнителни сугестии кои веќе се вметанти во финалниот текст. Со ова процесот на консултации официјално завршува и законот влегува во владина процедура.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
