Детектор: 71% од Македонците сметаат дека Уставните измени ќе и нанесат штета на Македонија

Три четвртини од граѓаните велат дека се доволно информирани за тоа во што се состојат уставните измени и најголемиот дел од нив стравуваат дека тие ќе имаат негативни последици врз земјата, покажува последната анкета која за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
Анкетата покажува дека 75,4% од анкетираните рекле дека знаат во што се состојат уставните измени наспроти само 17,3% кои рекле дека немаат информации.

60,8% од анкетираните се на ставот дека уставните измени ќе имаат негативни последици за земјава додека 19,1% не очекуваат негативни последици.
И за ова прашање прилично спротивставени ставови меѓу Македонците и етничките Албанци. Додека 71% од Македонците сметаат дека уставните измени ми имале негативни последици за земјата, таков став делат само 31% од
Албанците кои во мнозинство од 42% сметаат дека нема да има негативни последици. Ваков став делат само 11,2% Македонци.

Мнозинството граѓани не очекуваат ниту нешто позитивно од уставните измени. 54,5% велат дека уставните измени нема да имаат позитивни последици за земјата, додека 28,3% сметаат дека ќе има.
И тука, мнозинството го прават етничките Албанци. Додека 73,2% етнички Албанци сметаат дека уставните измени позитивно ќе се одразат врз Македонија, спротивен став имаат дури 66,6% од Македонците.
Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена телефонски во периодот од 2 до 6 мај, годинава врз репрезентативен примерок од 1112 испитаници.
Ново на Сител
-

Маржите за ѓубривата замрзнати, цените растат
-

Земјоделците ја поздравуваат мерката за поевтини ѓубрива, но бараат и засилен надзор од инспекциските служби
-

Преглед на вестите од светот
-

Се укинува Пржинската влада
-

Претседателот Пармелан на средба со премиерот и стопанствениците
-

Се укинува Пржинската Влада
-

Тема на денот со Даниела Иротова Лазарева, директорка на Агенција за финансиска поддршка на земјоделието
-

Ужас во Гостивар - 15 годишник ја силувал помалата сестра
