Деветнаесетти Петровденски планинарски марш

Планинарско-спортскиот клуб „Осогово“ од Кочани денеска го организира 19. традиционален Петровденски планинарски марш на релација Пониква – Раткова Скала.
Маршот, што секоја година собира голем број планинари, рекреативци и љубители на природата од Македонија и странство, започна во 7:00 часот од местото викано „Аеродром“ на Пониква.
Патеката е долга шест километри во еден правец, а пешачењето трае приближно три часа. Организаторите информираат дека трасата е целосно маркирана, има повеќе места со питка вода и е со средно лесна тежина, што овозможува учество на сите љубители на планината.
За сите учесници ПСК „Осогово“ обезбедува традиционален планинарски ручек – планинарско гравче, кое ќе биде послужено во манастирската трпезарија. Организаторите апелираат секој учесник да понесе сопствен прибор за јадење.
МИА
Ново на Сител
-

УГД - Штип, нулта толеранција за корупција
-

350 илјади евра можеле да ги заштедат родителите на Ристов?
-

Се шират малите сипаници - морбили потврдени кај уште едно дете
-

Средношколците во пратеничките клупи - дебата за дигиталниот свет
-

Полициска акција на УГД
-

Продолжува судењето против судијата Ристов
-

Растат платите во Армијата за 10%
-

СДСМ со интерпелација за Стоиљковиќ
