Девојка со скалпел се обидела да ограби 18-годишник во Скопје

24-годишна скопјанка е осомничена за обид за разбојништво, откако со закана со остар предмет, односно скалпел, се обидела да одземе пари од 18-годишно момче од Скопје.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 15 октомври, а случајот бил пријавен во полиција. Еден месец подоцна, на 21 ноември, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со 24-годишната М.А. во Полициската станица Кисела Вода.
При разговорот, девојката во целост го појаснила начинот на кој било извршено делото, по што полицијата продолжила со документирање на случајот.
Против неа, по целосно расчистување на околностите, Единицата за внатрешни работи Кисела Вода ќе поднесе кривична пријава за „разбојништво во обид“, согласно Кривичниот законик.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Неда Чаловска, адвокатка
-

Убиство во Скопје: 38-годишен маж пронајден мртов со прострелна рана на ногата
-

Обвинение за насилникот од Битола
-

Граѓански протест во Охрид против насилството врз жените
-

Македонија се подготвува за тешка зима, Владата уверува дека има план
-

Митрески: Наместо да ја купуваат, државните институции да си произведуваат бесплатна сончева енергија
-

Мажите над 45 години еднаш годишно да одат на уролог
-

Преглед на вестите од светот
