Македонија
10. јуни 2024 - 17:01

ДИЦ почна со проверка на тестовите

Комсииите на ДИЦ ќе имаат полни раце работа за да проверат колку препишувачи имало на државна матура и кој ќе треба да полага повторно во август. Од денеска се отворени материјалите со тестовите од двата екстерни испити  и истите ќе поминат низ повеќе филтри на прегледување велат од ДИЦ. На 8 јули ќе бидат објавени резултатите. Во меѓувреме матурантите ќе полагаат и два интерни предмети. Од комисијата за образование на ВМРО ДПМНЕ сметаат дека концептот државна матура се спроведува успешно со години, но проблемот го гледаат во несовесното постапување на тестаторите и набљудувачите кои допуштиле мобилни телефони на испитот. Дополнителни обуки треба да поминат сите кои се вклучени во реализација на државната матура но прифатлив за нив е и  предлогот со блокатори на мобилни телефони.

Матурантите ги споделија тестовите на вибер групи во кои членуваа од 3 до 7 илјади ученици. Во неколку училишта беа пронајдени мобилните и за тие матуранти испитот беше поништен. Препишувачите ќе можат да полагаат поправен во август. 10 јуни е крај на учебната година но само за средношколците, за основците наставата завршува на 17ти.