Дигитализацијата како предизвик за поквалитетни услуги
Додека светот веќе работи со вештачка интелегенција, ние сѐ уште трчаме по шалтери за документи. Вака екпсертите го оценуваат степенот на дигитализацијата во државата. Проблем е што ние сѐ уште дискутираме за тоа дали е добро нешто да се дигитализира наместо да преземеме соодветни чекори за да го сториме тоа.
- Светот веќе регулира вештачка интелигенција, многу повисок степен на дигитална трансформација, а ние сѐ уште не можеме да се договориме како општество за дигитални услуги и тоа е пораз зашто ние губиме како граѓани, губиме пари, губиме време, сѐ уште трчаме по шалтери, бараме документи коишто институциите треба да ги имаат, не успеваме да оствариме права, туку имаме патни трошоци до Скопје или некој друг град, така што одбиваме нештото да го направиме дигитално, изјави Бојан Кордалов, комуниколог
Нема волја од страна на политичките чинители оваа тема да се стави на врвот на приоритетите и луѓето се плашат дека дигитализацијата ќе донесе нешто лошо, додава Кордалов. Економскиот фактор е пречка, но од друга страна треба да се постави прашањето колку обичниот човек економски губи, а колку губи државата.
- Неразвивањето на платформи и невоведувањето на дигитализација брка десетици илјади млади луѓе од Македонија. Колку изгубени пари се тоа? Инвестирани се 30, 40 илјади евра како општество за едукација на еден млад човек и го губиме. Не отвора работно место или бизнис во Македонија, туку тоа го прави во странство и развива други економии, па да пресметаме колку пари губиме, додаде Кордалов.
Извештаите за дигитализацијата покажуваат дека и покрај тоа што бројот на електронски услуги и тој на корисниците расте, сепак ваквите услуги не се доволно промовирани кај граѓаните.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар