Анкета: Третина од граѓаните сметаат дека работите во Македонија одат во правилна насока
На прашањето во која насока сметата дека се движат работите во Македонија, повеќе од една третина од анкетираните или 34,3 отсто, насоката ја сметаат за правилна. Тоа е зголемување од три проценти во однос на анкетата од април годинава спроведена од МКД.мк.
За ист процентен индекс е намален и скептицизмот меѓу анкетираните кои на истото прашање 40,5 отсто одговориле дека работите во државата се движат во погрешна насока.
Прашани за која политичка партија ќе гласате на наредните избори, 23, 8 посто од испитаниците кажале дека ќе ја изберат ВМРО-ДПМНЕ. За СДСМ, гласот би го дале 5,1 процент од анкетираните, Движењето ЗНАМ би го избрале 2,4 насто, ДУИ би бил избор за 5,5 проценти и е во мала предност пред вкупниот резултат на коалицијата ВРЕДИ.
Левица според анектата би добила гласови од 2,5 отсто од граѓаните.
Повеќе од половина од испитаниците кои споделиле за која партија ќе гласаат на наредните избори, го избираат ВМРО-ДПМНЕ. Ако се споредат резултатит на определните гласачи со минатите истражувања, пред локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ЗНАМ имаат раст, а благ пад има кај Левица и ДУИ.
Меѓу лидерите на политичките партии, Христијан Мицкоски има најголема доверба или 26,9 проценит од граѓаните. Следен е Али Ахмети, па следува Венко Филипче со 4,7 отсто, а зад него се Таравари, Димитриевски, Апасиев и Меџити.
Анкетата за потребите на МКД.мк е направена од Маркет вижн, спроведена телефонски во периодот од 20 јуни до 4 јули на примерот од 1.200 испитаници.
Повеќе од половина од испитаниците кои споделиле за која партија ќе гласаат на наредните избори, го избираат ВМРО-ДПМНЕ. Тука, ако се споредат резултатите на определените гласачи со минатите истражувања, пред локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ЗНАМ имаат раст, а благ пад има кај Левица и ДУИ.
Падот на Вреди е поврзан со напуштањето на коалицијата на Алијанса за Албанците на Арбен Таравари.
Сѐ повеќе граѓани во Македонија веруваат дека земјата се движи во правилна насока. Последното истражување на МКД.мк, спроведено во соработка со агенцијата Маркет Вижн, покажува дека 34,3 проценти од испитаниците имаат позитивен став за текот на работите во државата – што е зголемување од три проценти во однос на анкетата од април.
Истражувањето е спроведено во периодот од 20 јуни до 4 јули. Иако повеќе од една третина имаат оптимистичко гледиште, сепак, 40,5 отсто од граѓаните сметаат дека Македонија се движи во погрешна насока.
Кај рејтингот на политичките партии и нивните лидери – ВМРО-ДПМНЕ останува со стабилна и убедлива предност. 23,8 проценти од испитаниците изјавиле дека би гласале за таа партија на следните избори.
Најголема доверба меѓу политичките лидери и понатаму има лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Следи го лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој има највисока доверба од албанскиот политички блок – 6 проценти. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, има доверба од 4,7 проценти.
Максим Димитриевски од ЗНАМ и Димитар Апасиев од Левица се изедначени со по 3 проценти, а измеѓу албанските лидери најниска доверба има Африм Гаши со еден процент.
Меѓу албанските партии, најголема поддршка има ДУИ, која има мала предност пред коалицијата Вреди.
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар