Македонија
14. November 2022 - 20:12

Дијабетичарите во Македонија се снаоѓаат кој како знае

Снајди се па живеј – Вака функционираат над 170 илјади дијабетичари во земјата кои со месеци неможат да закажат преглед за контрола на состојбата. Веќе десетина дена има недостиг и од инсулинска терапија па додека надлежните ги решат административните пречки во тендерот, спасот го бараат на социјалните мрежи и меѓусебната размена. Бројките на новодијагностицирани растат а во Македонија фали медицински кадар за да одоговри на потребите.

-Мој Термин нема. Се снаоѓаме со брзи упари, приоритетни, се менуваат ординации од еден кај друг..нема само што нема термини нема и лекари. Во еден гад во источна македонија да имаме и 100 термини е џабе бидејќи нема лекар, вели Диме Велев претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари.

Освен проблемите за возрасните, повеќе од 5 години кон Македонија патуваат и сензорите за побезболно мерење на шеќерот кај децата. Министрите ветуваат, но никако да стигнат па родителите на свој трошок ги набавуваат од странство.

- Конечно и децата во Македонија да добијат сензори за поквалитетно и побезболно мерење на гликемијата, за да се избегнат компликациите бидејќи дијабетотот е сериозна хронична состојба и компликациите се неизбежни, вели Наташа Деспотовска – Димитриевска, претседател на Баланс МК

На светскиот ден на дијабетесот здруженијата повикаа на поголема свесност бидејќи прогнозите за иднината се загрижувачки - До 2030 г., едно од девет лица ќе добие дијабетес.