ДИК едногласно усвои шест одлуки на првата седница

Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) денеска ја одржаа првата седница, на која разгледаа и едногласно усвоија шест точки од дневниот ред.
Едногласно беа донесени одлуките за определување исплата на надомест на ангажираните лица како помошни тела во подрачните одделенија на Државната изборна комисија, потоа одлука за усвојување на извештајот за извршување попис на инвентар и друг материјал за 2025 година, како и одлука за ангажирање лица во работната група за серверска и мрежна инфраструктура, одржување база на податоци и обработка на Избирачкиот список и определување надомест за ангажираните лица.
Во рамките на петтата точка од дневниот ред беше усвоен и заклучокот за прифаќање на известувањето до Државниот завод за ревизија (ДЗР). Претседателот на ДИК, Бојан Маричиќ, информира дека по доставениот нацрт-извештај од ДЗР, добиен на 12 јануари 2026 година, Комисијата доставува известување со свои видувања на првичниот извештај за извршената ревизија на финансиските извештаи за 2024 година.
И ова известување на ДИК до Државниот завод за ревизија беше едногласно донесено од страна на членовите на Државната изборна комисија.
МИА
Ново на Сител
-

ССМ утре ќе го блокира Собранието, пратениците на работа ќе одат пеш
-

Храната во светот поевтинува, кај нас - можно поскапување
-

АРМ: Шугата во велешката касарна доаѓа однадвор
-

Државните вили по 30 години добиваат имотен лист - СОЗР делумно се согласува во извештајот на Ревизија
-

Дали Охрид ќе остане на листата светско наследство на УНЕСКО - владина делегација на средби во Париз
-

Преглед на вестите од светот
-

Со „Безбеден град“ ќе се намалат прекршоците
-

209 милиони денари за изградба на дом за стари лица во Кочани
