Македонија
9. February 2026 - 16:33

Државните вили по 30 години добиваат имотен лист - СОЗР делумно се согласува во извештајот на Ревизија

По повеќе од 30 години Македонија добива имотни листови за седумте државни вили, трите на Водно и четирите во Охрид. СОЗР отпочнала постапка и за легализација на земјиштето и објектите по распадот на СФРЈ и заминувањето на ЈНА кое и припаднало на Македонија, како и имотот во соседните земји.

Директорот Томовски вели дека делумно се согласува со наводите на државна ревизија која во последниот извештај нотира слабости во проценката и водењето евиденција за средства и земјиштето со кои располага службата.

Според податоците од ревизијата за 2024-та во бифеата на службите не се издавале фискални сметки, а парите не се слевале во државната каса. Томовски вели ваков проблеми имало само две недели од неговото доаѓање на позицијата, потоа се функционирало, а профитот сега е зголемен за 300%.

Во извештајот Резвизија констатира и разлика од близу 70 илјади евра или прехрамбени залихи во магацините на владините бифеа што ги има на хартија но не и во реалноста. Томовски потврдува дека постојат разлики, но детали што се случувало и дали станува збор за злоупотреба вели нема да споделува бидејќи во моментов БЈБ води постапка.

СОЗР доставила целосната документација до Ревизија дека во целост се почитувале постапките и околу возникот парк. Службата располага со 45 нови возила на лизинг,а од 220 стари возила 104 веќе се расходувани. Иако нема разговори за ново блиндирано возило, купениот владин мерцедес е единствениот кој од 2017-та до денес се користи за таа намена.

Томовски смета дека потребна е и набавка на нов државен авион со поголем капацитет, бидејќи состојбата со државниот Лирџет со кој располагаме е во лоша состојба, и поради честите дефекти многу ретко се користи. Иако ревизорите забележале голем број на ангажирани лица преку приватни агенции за вработување, определено време и договор на дело, СОЗР тврди дека во моментов само две лица се привремено ангажирани.