Храната во светот поевтинува, кај нас - можно поскапување
Цените на храната во светот на најниско ниво од 2023, кај нас остануваат непроменетети. Организацијата за храна при Обединетите нации објави дека 5 ти месец по ред храната поевинува, а најголем пад во јануари е регистриран кај цените на млекото и млечните производи.
Пониски цени ФАО објави и кај шеќерот и месото, додека кај житарките има незначитеен пораст од 0,2 процентни поени. Поевтинување кај нас нема да има, можни се повисоки цени поради притисокот за зголемување на платите, велат од бизнисот. Работници нема, платите постојано растат, а со тоа им се зголемуваат трошоците за производство.
-Притисокот кој ќе дојде кај сите компании, ако се зголеми минималецот, а со тоа и сите останати плати, ќе предизвика компаниите да се во неможност да го издржат растот и ќе мора да ги покачат цените, а со тоа ќе се зголеми инфлацијата, изјави Горан Геоѓиевски, претседател на ССК.
Колку се зголемени трошоците за живот во јануари, статистиката ќе објави крајот на неделава. Вообичаено инфлацијата се објавува на 7 или 9ти во тековниот за претходниот месец, но од државнамта статсика велат дека поради промена на методологијата за пресметка, бројките ќе ги објават подоцна.
Токму движењето на инфлацијата е еден од параметрите за законското усогласување на минималецот, кое ќе следи во март.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
