ДИК разгледуваше приговори за лично избирачко право и за гласање во домашни услови, нема се гласа во затворениот старски дом „Арија“

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница разгледуваше приговори за лично избирачко право и од болни и немоќни лица на кои не им било прифатено барањето за гласање во домашни услови. На седницата беа прифатени неколку од овие приговори, а членовите на ДИК нагласија дека на лицата на кои им се прифатени приговорите за лично избирачко право бидејќи ги нема во Избирачкиот список, кој веќе е заклучен, и во апаратите за биометриска идентификација, кога ќе одат на гласање треба да го носат решението што ќе им биде издадено од ДИК.
За околу 9.000 лица, болни и немоќни беа поднесени барања за гласање во домашни услови, а претседателот на ДИК Борис Кондарко истакна дека вакви приговори веќе нема да разгледуваат бидејќи рокот за нивно поднесување завршил синоќа на полноќ.
Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница акредитираше уште 9 набљудувачи од ЦИВИЛ, 24 набљудувачи од Совет на Европа и двајца набљудувачи од Wake up. Досега се акредитирани 1340 набљудувачи, од кои 699 домашни и 639 меѓународни набљудувачи и двајца странски новинари.
Претседателот на ДИК Кондарко информираше дека нема да се спроведе гласање за осум лица во Домот за стари лица Арија којшто е затворен согласно дописот што до нив пристигнал од Министерството за социјална политика, демографија и млади.
MIA
Ново на Сител
-

Изборот на Хоџа и Сали во четврток пред пратениците
-

Владата утре ќе прогласи кризна состојба, за да се користи мазут од стоковите резерви
-

Тема на денот со Благоја Ралповски, претседател на КСС
-

80-годишнината МНТ ја прославува со сценскиот спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето - Made in MNT“
-

Преглед на вестите од светот
-

Анита Тополова Исајловска избрана за в.д државен јавен обвинител
-

Трамп ја менува Агелер, амбасадорката на САД во земјава
-

Откако се раздвоија на патот кон ЕУ, сега Албанија ја поддржува европската интеграција на Македонија
