Дирекцијата за заштита и спасување тврди дека е подготвена за секакви природни непогоди
Македонија има високо обучен тим за заштита и спасување кој може да одговори на голем број предизвици во случај на елементарни непогоди. Републичките сили за дејство надвор од државата по знаењето и квалитетот речиси и да не заостануваат од нивните колеги во регионот. Вештините што ги поседува овој тим ги презентираше и на тактичко показната вежба Струмица 2022 во која го покажаа процесот на спасување од урнатини.
Првиот човек на дирекцијата за заштита и спасување вели дека освен во нови вештини и знаења континуирано се инвестира и во нова опрема.
Во насока на подобрување на техничките можности е и новата опрема што Дирекцијата за заштита и спасување ја обезбеди за струмичките пожарникари. Наменета е за интервенции во време на поплави и тешки сообраќајни несреќи.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар