Директор на училиште и еден наставник повредени во пукање на југот на Франција

Директорот на училиштето и наставник во училиштето во гратчето Обањ во департманот Буш-ди-Рон на југот на Франција денеска добија прострелни рани во вооружен напад на осомничен 14-годишен ученик.
Тие се ранети пред училиштето „Жозеф Лаканал“ во Обањ откако еден ученик испукал истрели од пиштол со калибар девет милиметри и од пушка сачмарка, пренесува „Фигаро“.
Брзо потоа напаѓачот бил уапсен, а ранетите директор и наставник се хоспитализирани со прострелни рани.
„Пукаше четири или пет пати и брзо по нападот беше уапсен“, потврди локалната полиција.
На лице место излегле припадници на локалната полиција и противпожарната служба на Обањ, а француските министри за внатрешни работи и за национално образование, како и министерот делегат за стручно образование, обука и професионална пракса, денеска попладне ќе го посетат Обањ.
Пукањето се случи во момент кога ширум Франција се одржуваат протести на средношколците поради незадоволство од состојбата во образованието и условите за школување.
МИА
Ново на Сител
-

Ива Михајлова е во Бугарија, молк од институциите како ја поминала границата
-

Стартува Безбеден град во Охрид
-

СДСМ: Мицкоски објавува анкети со пад на довербата од 40% и ги убедува граѓаните дека живеат подобро
-

ВМРО-ДПМНЕ: На анкетите јасно се гледа дека Филипче има рејтинг од 3%
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Калиопи, естрадна уметничка
-

85 години од почетокот на НОБ
-

Доделени државните награди „11 Октомври“
