Директори на ФЗО: Клиниката за онкологија незаконски набавувала лекови без согласност, на реверс
Клиниката за онкологија набавувала лекови на реверс и со пари од каса, констатирале контролорите од Фондот за здравство во нивните извештаи. За вакви незаконски постапки во установата која ја тресе голем скандал сведочеа и поранешни директори на ФЗО на денешната Анкетна комисија во Собранието.
Според нив терапија за најтешко болните била купувана и без согласност од надлежните институции, менаџерите трошеле пари ненаменски, односно многу повеќе од определениот буџет, а со тоа трупале долгови.
- Нотирано е во извештаите дека се купуваат лекови на реверс и со пари од каса, рече Миле Сугарев, поранешен в.д директор на Фондот за здравство.
- Дали овие записници, иако се доставени само до институциите кои што согласно закон треба да ги информирате, ги имате доставено до надлежните институции кои се задолжени да ги истражуваат ваквите финансиски скандали и ненаменски трошења?“, запраша Дејанчо Ефтимов, пратеник од ВМРО ДПМНЕ.
- Констатиравте кривично дело, не знам дали ненаменското трошење е кривично дело, одговори Сугарев.
- За ненаменско трошење луѓето се во затвор, тоа е кривично дело, реплицираше Ефтимов.
Пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Милошоски и на денешната Анкетна прстот за скандалот кој се истражува го впери во екс директорот на Онкологија Нино Васев и рече дека имал политички покровител, за доктор Васев пак вчера поранешниот министер за здравство Венко Филипче рече дека бил професионалец.
Инаку, во парламентот се појавија речиси сите директори на Фондот во последните 10-тина години. Само за Ден Дончев Анкетната комисија нема податоци дали ја добил поканата да присуствува на седницата.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар